Пред пет години на Wall Street во само неколку минути Dow Jones индексот стрмоглаво падна за повеќе од 600 поени, најмногу во историјата, а за тој колапс, наречен молњевит крах, овие денови е приведен еден од виновниците кој на тоа заработи милиони долари. Тогаш финансискиот систем доживеа 15 минутен колапс кој ги стресе светските пазари и ги поттикна инвеститорите да се запрашаат како еден витален дел од стопанството може така да биде фрлен на колена, а најголемата вина да е припишана на само еден човек, пишуваат странските агенции.
Американскиот државен обвинител оваа недела соопшти дека најголем дел од вината му се припишува на Navinder Singh Sarao, 36 годишен трговец кој без страв манипулирал на пазарите од својот дом во предградието на Лондон, каде во вторникот е уапсен.
Регулаторите изјавиле дека казненото гонење против Sarao ја покажува нината цврста одлучност во искоренувањето на манипулацијата со пазарите. Но, со веста за апсењето на Sarao одново се појавија загрижености околу тоа како е еден поединец може да има толкаво влијание на светските финансиски пазари.
За последниот случај на властите им беа потребни пет години да влезат во трага на овој трговец кој правел енормни тргувања. До него успеале да дојдат со помош на надворешен шпијун кој би можел да биде награден со неколку милиони долари.
Sarao е обвинет за давање и повлекување на илјадници налози, од кои секој вредел на десетици милиони долари, низ стотици трговски денови и со обиди да ја намали цената во терминските договори кои се засноваат на вредноста на американскиот берзански индекс Standard&Poor’s 500. Откако цената паѓала, Sarao би купил договор и отстварувал заработка, се наведува во обвинението. На денот кога се случил колапсот, 6 мај 2010 година, обвинителите утврдиле дека Sarao континуирано праќал налози во тек на неколку часа, поради што пазарот бил ранлив на големи потези во моментот кога и други големи инвеститори се вклучиле од САД. Во раните попладневни часови тој ден, падот на цените на терминските договори со кои тргувал Sarao се прошириле на останатите поврзани берзи. Наскоро индексот DowJones, кој ги претставува 30 најголеми американски компании, беше во виртуелен слободен пад, во кој за само неколку минути изгубил 600 бодови. Иако главните индекси набрзо повратиле голем дел од загубите, оваа случка се смета за виновник за губење на довербата кај обичните Американци кои ги вложуваат своите заштеди во акции.
“Неговите потези во значајна мерка се одговорни за нерамнотежата меѓу налозите кои ги праќал Sarao а кои беа една од причините кои доведоа до колапсот”, рекол Aitan Goelman адвокат при американската Комисија за трговија со стоковни термински договори (CFTC).
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град