Камерата на новиот iPhone носи “револуција” во мобилната фотографија

Од Apple тврдат дека ќе им конкурираат на DSLR фотоапаратите

 |  инфодеск  | 

Паметните телефони за многумина се замена за класичните дигитални фотоапарати и фотографиите и видеозаписите ги прават со телефоните. Сепак, за оние кои малку посериозно се занимаваат со фотографија, квалитетот и можностите на камерата од телефон не се доволни и не можат да им конкурираат на DSLR фотоапаратите.

Во Apple тоа ќе се обидат да го променат во иднина и можеме да очекуваме голем напредок на камерите кои оваа компанија ќе ги вградува во идните модели на iPhone. Имено, спрема информациите на TechCrunch, Apple вчера ја превзеде израелската компанија LinX за 20 милиони долари, чија специјалност се токму камерите за мобилни телефони. Од оваа компанија тврдат дека ќе донесат “револуција” на пазарот за телефони и таблети со камерата која користи специјални сензори и алгоритми, а притоа квалитетот на снимените фотографии може да конкурира на оние кои се снимени со DSLR фотоапарати.

Благодарение на технологијата на процесирање на фотографијата, напредните сензори и оптиката, нивните камери ќе овозможат снимање на квалитетни фотографии во услови на намалено светло, заматени позадини, подобар приказ на боите, но и рефокусирање на фотографиите и по нивното снимање.

Од Apple не сакаа премногу да ги коментираат овие информации, туку во одговор на новинарско прашање соопштиле дека “одвреме навреме купуваат мали технолошки компании”, но и дека нема да ги коментираат идните планови за тие компании. Прашањето е дали технологијата на LinX Apple ќе ја искористи во овогодинешните модели на iPhone или сите новитети ќе ги претстави со моделите за идната година.

{loadposition position9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top