Fast&Furios 7 урива рекорди

Поради смртта на Paul Walker приказната била сменета

 |  инфодеск  | 

Fast&Furiois 7 заработи 800 милиони долари и стана филм со најголема заработка во првите десет дена на прикажување во историјата на САД.
На овој начин филмот ја премина границата на почетниот буџет кој изнесуваше 250 милиони долари. Сценариото го потпишува Chris Morgan, кој сега е познат по работата на трите продолженија на филмот Fast&Furios , додека во улога на режисер е James Wan, автор на популарниот серијал Saw.
Поради смртта на Paul Walker, Chris Morgan мораше да ја смени приказната на филмот, во кој починатата ѕвезда се појавува оригинално во одредени сцени, додека за потребите и довршување на проектот биле вработени двојници.
Во седмото продолжение на Fast&Furios глуми екипа за која продуцентите веруваат дека е добитна комбинација а тоа се Vin Diesel, Paul Walker, Jason Statham, Dwayne Johnson, Michelle Rodriguez и Kurt Russell.
Имено, авторите на филмот Fast&Furios 7 уништиле повеќе од 230 автомобили за време на симањето на седмиот дел од овој популарен филм.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top