Откриена масовна гробница во палатата на диктаторот

Исламистите ладнокрвно убиле 1.700 луѓе

 |  инфодеск  | 

Во Тикрит, родното место на Садам Хусеин, кој од средината на минатата година се наоѓаше под окупација на Исламската држава, е пронајдена масовна гробница и се верува дека во неа се наоѓаат најмалку 1.700 ирачки војници, јавува CNN.

Исламската држава порано истакнуваше дека 1.700 војници, заробени во јуни минатата година во близина на ирачката база кај Тикрит, се екзекутирани во кругот на палатата во која е закопан екс диктаторот.

Форензичарите досега откопале 20 тела, а пронајдени се 12 гробови.

Сведокот, еден ирачки војник кој за чудо го избегнал масакрот преправајќи се дека е мртов, раскажал како припадниците на Исламската држава ги водат заробените војници во палатата со изговор дека ќе биде организирана размена на заробеници. Меѓутоа, кога се нашле внатре во палатата војниците биле одвоени во помали групи, ликвидирани и закопани во масовни гробници.

Како што истакнал војникот, него го фрлиле в река и така плутајќи стигнал до браната, но за среќа бил само ранет и успеал да преживее.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top