Турција повторно блокира пристап до социјалните мрежи

Многумина пристапуваа на виртуелни приватни мрежи за да ја заобиколат блокадата

 |  инфодеск  | 

Турција по втор пат годинава го блокира пристапот на YouTube и Twitter, пред парламентарните избори во јуни.

Корисниците на интернет во Турција пријавиле проблеми со пристапот на соцјалните мрежи, а многумина пристапуваа на виртуелни приватни мрежи за да ја заобиколат блокадата.

Спрема пишувањето на Hurriyet, турското обвинителство побарало забрана на социјалните мрежи откако минатата недела по интернет кружеа фотографии на левичарски милитанти кои го киднапираа обвинителот, а притоа беа убиени тој и двајца милитанти.

Забраната за Facebook е укината откако компанијата ги отстрани спорните содржини, рекол Tayfun Acarer, директорот на Агенцијата за информатички и комуникациски технологии.

Турската влада неодамна донесе закон кој овозможува брзо блокирање на интернет страници и тоа често го користи.

Пристапот на Twitter и YouTube беше блокиран и минатата година пред локалните избори откако корисниците почнаа на интернет да ја обвинуваат владата на тогашниот премиер, а сега претседател Recep Tayip Erdogan, за корупција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top