Третата економија во еврозоната би можела да биде поголем проблем од Грција

Грција можеби послужи како аларм за опасност од рушење на еврозоната

 |  инфодеск  | 

Ако кризата во Грција е акутна, тогаш онаа во третата економија по големина во еврозоната, Италија, може да се нарече хронична, наведува американскиот Wall Street Journal, додавајќи дека европската монетарна унија ќе се соочи со проблем многу поголем од грчкиот, доколку податоците од Рим во мај не покажат дека Италија е излезена од тригодишната рецесија.

Италијанското стопанство всушност опаѓа веќе со десетлетија. Спрема податоците на ММФ во ’80-те просечниот годишен раст на БДП изнесувал 2,1% за да во ’90-те падне на 1,4%, а во првото десетлетие од овој век достигне 0,6%. Од 2010 година, просечниот БДП е негативен и изнесува -0,5%.

Експертите предвидуваат дека стопанскиот раст во првиот квартал бил позитивен прв пат по 2011 година и изнесувал 0,2%. Меѓутоа, некои други податоци не пружаат причини за оптимизам. Индустриското производство во јануари паднало за 0,7%, невработеноста пораснала на 12,7%, а меѓу младите на дури 42,6%.

Потенцијалот на економскиот раст на Италија е загрижувачки низок, наведува американскиот весник. Економистите на банката JP Morgan сметаат дека растот на БДП во наредните години ќе биде на нулто ниво. Напорите на премиерот на Италија да се реформира стопанството ќе бидат од клучно значење, а неговиот труд треба да ги подобри условите на пазарот и заслужуваат секаква пофалба.

Сепак една од големите бариери кои го кочат стопанскиот раст на Италија е “културата” која го спречува зајакнувањето на малите претпријатија и која ги заштитува моментално вработените на штета на младите кои бараат работа, смета весникот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top