Од сега Facebook и за возраст под 13 години

Новата опција на Facebook овозможува своја страница да имаат и помлади од 13 години

 |  инфодеск  | 

Facebook  овозможи и помладите од 13 години да имаат своја страница, но не онака како што сме навикнале и знаеме. Имено, Scarpbook е новата опција која им овозможува на родителите да креираат страница со слики од своите деца над која ќе имаат поголема контрола. На пример, ако сакате сите слики од вашето дете да ги има на едно место, тоа ќе можете да го направите ако одите на “relationship status” каде ќе имате можност да го креирате новиот Scarpbook профил. Потоа ќе ги одберете фотографиите кои сакате да ги ставите и да направите единствен албум на вашите деца. Оваа можност се наметна од потребата за објавување на фотографии на деца, а над која ќе имате поголема контрола, па така албумот ќе можете да го споделувате со најблиските пријатели и роднини.

Објавувањето на фотографии на деца за Facebook претставува голем проблем, а ова е само еден мал дел кој би можел да ја подобри безбедноста за тоа кој ги гледа фотографиите на вашите деца. Најголем проблем се јавуваше кога еден од родителите го означува другиот родител со фотографиите од децата, што овозможуваше сите пријатели и на едниот и на другиот да ги видат фотографиите. Со Scarpbook работите се под контрола.

Во прво време Scarpbook ќе биде достапен само во САД и на iOS и Android платформите, а подоцна и за остатокот од светот. Повеќе информации можете да дознаете на следниот линк.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top