Деветнаесет лица се повредени, од кои четири потешко по експлозијата која најверојатно ја предизвикал гас, а која предизвика рушење на две згради и голем пожар во центарот на Њујорк, пренесува CNN.
Пет часа по почетокот на пожарот, повеќе од 200 пожарникари сеуште се борат со пожарот кој ги зафати околните продавници и станови во квартот Ист Вилиџ на Менхетн.
Портпаролката на пожарникарската служба рекла дека две згради – на бројот 121 на Втората авенија, местото на првичната експлозија, и на бројот 123 на истата авенија се потполно уништени. Во голем обем се уништени и две околни згради по избувнувањето на пожарот.
Спрема зборовите на градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, првичната експлозија ја предизвикало изведувањето на градежните работи на цевките за вода и гас во таа авенија, пред споменатите згради.
Црвениот крст организирал итно сместување, во блиското училиште, за станарите на оштетените згради.
Ист Вилиџ е еден од омилените квартови на уметниците и богатите Њујорчани, а содржи бројни продавници, барови и ресторани.
Минатата година во пожар кој беше предизвикан од експлозија на истекување на гас, смртно настрадаа осум лица во њујоршкиот кварт Харлем.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град