NewYork Times објави, пренесувајќи неименуван истражител, дека снимките од пилотската кабина на германскиот авион, кој во понеделникот се сруши во француските Алпи, покажуваат дека еден од пилотите ја напуштил кабината и не можел да се врати пред почетокот на паѓањето на авионот. Истражителот изјавил дека до тој момент комуникацијата помеѓу пилотите била рутнска.
“Човекот однадвор прво лесно затропал на вратата од кабината, но немало одговор. Потоа удирал посилно на вратата, но повторно немало одговор”, изјавил истражителот за NewYork Times, додавајќи дека звуците упатуваат на тоа дека пилотот се обидувал да ја скрши вратата за да се врати во пилотската кабина.
Во средата е пронајдена црната кутија од авионот, а истражителите велат дека нивната анализа ќе потрае со недели а можеби и со месеци. Тие изнеле прецизни податоци за кобните моменти.
Последен пат контролорот на летање се јавил во 10.30 часот, а потоа авионот почнал да ја губи висината, а во 10.41 часот удрил во планината. Тие изјавиле дека временските прилики биле вообичаени, но сепак се проверува дали влијаеле на падот.
Француските истражители не ја знаат причината за доцнењето при полетувањето од половина час од Барселона, а деталите околу тоа ќе бидат откриени во координирана истрага со шпанските истражители.
Првите неофицијални информации укажуваат дека пукнал прозорецот од пилотската кабина, а за неколку секунди се случила декомпресија па пилотите со брзо понирање се обидувале да го стабилизираат авионот пред да ја изгубат свеста.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град