Авионот Airbus A320 на нискобуџетната германска компанија Germanwings, кој во понеделникот се урна во француските Алпи при што загинаа 150 патници и членови на екипажот, имал технички проблем со вратата која ги затвора предните тркала, потврдил портпаролот на Lufthansa.
Проблемот бил поврзан со отворот, односно механизмот кој се отвора и затвора во моментот кога се вклучува уредот за слетување. Авионот во понеделникот бил цел ден приземјен во Диселдорф, а портпаролот на Lufthansa изјавил за агенцијата DPA дека проблемот бил решен.
Полека излегуваат во јавноста и детали за жртвите на оваа страшна несреќа. Медиумите јавуваат дека меѓу 144 загинати патници, освен 16 ученици кои оделе во исто одделение и двајца нивни наставници од училиштето во германскиот Хелтерн, се наоѓаат и двајца познати оперски пејачи.
Познатата оперска пејачка Maria Radner патувала со својот сопруг и бебето, а се враќала во Германија од Барселона каде настапувала во операта Siegfried, јавува АР. Другиот оперски пејач е Oleg Bryjak од оперскта куќа во Диселдорф.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град