Нападите на американските сили чинат 80% од сите напади кои ги изведува меѓународната коалиција против Исламската држава. Вкупно сите заедно извршиле 2.893 воздушни напади од што 1.631 во Ирак и 1.262 во Сирија, а погодиле 5.314 цели, соопштил Пентагон.
Повеќе од 60 земји учествуваат во коалицијата против Исламската држава. САД, Австралија, Белгија, Канада, Данска, Франција, Јордан, Холандија и Велика Британија ги изведуваат нападите во Ирак, додека САД, Бахраин, Јордан, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати ги напаѓаат целите во Сирија.
Објавените податоци се однесуваат на периодот од 8 август 2014 до 18 март 2015 година, а меѓу целите биле борбени позиции на Исламската држава, оклопни возила, тенкови, складишта и 87 помали рафинерии.
Пентагон утврдил дека благодарение на сојузничките напади парите од продажба на нафта не се веќе главниот извор на приходи на Исламската држава.
Портпаролот на Пентагон, полковникот Steve Warren, потврдил и дека американските и ирачките сили фрлале пропагадни летоци на градот Мосул со кои сакаат да ја намалат поддршката кон Исламската држава која регрутира нови борци.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град