Подолг од фудбалско игралиште и до врв наполнет со хелиум, Airlander10 ќе биде најголемо летало на светот. Тој е спој на балон, авион и хеликоптер, а го дизајнираше британската дизајнерска компанија Hybrid Air Vehicles (HAV) која работи за американската војска.
Концептот на ова летало е стар еден век, а zeppelin својата популарност ја изгуби по трагедијата Hundenburg во 1937 година, кога германското летало при слетувањето се запали и усмрти 36 лица.
Ова летало повторно е редизајнирано во 21 век и HAV се надева дека на небото над Велика Британија ќе се врати во 2016 година.
“Проблемите кои ги имаше стариот zeppelin беа голем број на членови на екипаж на земја, лимитирана можност за терет и подложност на временските услови. Сите тие проблеми се решени со новиот концепт – хибридно летало. Тоа е спој на крила и zeppelin”, рекол Chris Daniels, директор на HAV.
Се нарекува Airlander10 бидејќи може да понесе терет од 10 тони. Направен е од посебни фабрички карбонски влакна, додека притисокот на хелиум го одржува обликот на леталото. За полетување и слетување користи дизел за покренување на пропелерите. Пространиот кокпит е конфигуриран така што пилотот и набљудувачот во него се чувствуваат удобно.
Airlander10 има и еколошки предности, користи 20% помалку во однос на постоечките авиони, на него можат да се постават соларни панели, користи тихи мотори и во воздух може да остане скоро пет дена со максимален терет. Исто така, може да функционира и на екстремни услови (+54 до -56 степени целзиусови). Ова летало ќе биде користено во цивилни и воени намени.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град