Го славиме денот на жената и да не заборавиме дека бројни славни дами имаат големо влијание на жените ширум светот, но не зборуваме само за трендот и она што го носи црвениот килим. Овие ѕвезди покажале дека се повеќе од убави, а своите недостатоци ги претвориле во предност и го освоиле светот. Од нив може само да се учи.
–Oprah Winfrey – Не треба посебно да се нагласува дека е едно од најпознатите лица во јавниот живот. Има 60 години и зад себе завидна кариера во медиумите, но и влијание над луѓето ширум светот. И минатата година се најде на листата на Forbes за највлијателни жени, а успешно ја води својата ТВ куќа OWN, секако и својот магазин, радиската емисија, а отвори и училиште во Африка. Не само што е жена туку е и црнкиња која успела во светот на мажите.
–Beyonce – Музичарка за која многу се зборуваше минатата година. Нејзиниот последен албум ги смени правилата на игра во светот на музиката, а по турнејата со сопругот JayZ се искачи на тронот како прв пар милијардери. Не треба да се занемари пријателството со претседателот Obama, како и со други влијателни пријатели. Таа им порача на жените дека можат да отстварат сѐ што ќе посакаат.
–Sofia Vergara – Таа не е само секси актерка која се прослави со серијата “модерна фамилија”. Пред да се прослави таа беше самохрана мајка која го победи ракот на штитната жлезда и се обидуваше да го пронајде своето место во Холивуд. Успеа и покрај потешкотиите, но и со тврдиот нагласок кој на крајот се претвори во предност. Благодарение на серијата таа стана најплатена ТВ актерка која заработува 175.000 долари по епизода.
–Anna Wintour – Не случајно се најде на листата. Иако делува ладно, Anna е најмоќна уредничка во индустријата. Уредничката на Vogue диктира нови трендови, имиња во светот на модата и шоубизнисот, а го крена тиражот на магазинот со своите храбри одлуки. Не е случајно што се најде на листата на Forbes за највлијателни жени.
–Ellen DeGeneres – На сите им е позната како актерка и комичарка која сака да нѐ насмее, но зад неа стои и големото влијание, посебно на социјалните мрежи и своето шоу, а нејзините пријатели се воодушевени што ќе ја следат на малите екрани барем до 2017 година.
–Angelina Jolie– Неодамна покажа дека не е само најсексипилна жена. Таа се докажа како актерка и како режисерка. Не треба да се знаемари фактот дека е сеуште најплатена актерка во Холивуд. Освен тоа, донесе храбра одлука за двојна макстетомија и така ги наведе жените повеќе да размислуваат за своето здравје, а активно е вклучена во хуманитарните организации кои помагаат на жртвите од војните. Некогаш дивата девојка од Холивуд потполно ја заврте страницата и стана една од најценетите хуманитарки и идол на жените.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град