“Ова е напад на човештвото во целина”

Пристигнуваат осуди од целиот свет

 |  инфодеск  | 

Генералниот секретар на Обединетите нации, Ban Ki-moon остро го осуди разорувањето на стариот антички град Nimrud кој беше уништен од страна на злогласната терористичка организација Исламска држава на северот од Ирак, квалификувајќи го тој чин како “воено злосторство”.

Тој побара од верските и политички лидери да го “подигнат гласот” за да ги осудат овие неприфатливи атаци.

“Намерното уништување на нашето заедничко културно наследство претставува воено злосторство и напад на човештвото во целина”, рекол во соопштението генералниот секретар на Обединетите нации.

Откако минатата недела припадниците на Исламската држава уништија делови од археолошката збирка во музејот во Mosul, во четвртокот со булдожери го уништија Nimrud, вредно археолошко наоѓалиште на северот од земјата.

Древниот асирски град Nimrud на реката Tigris, 30 км југоисточно од Mosul, во Библијата познат како Kalah, изграден за време на владеењето на асирскиот крал Shalmeneser (1274-1245 пред Христос), и бил своевремено престолнина на новото асирско царство, тогаш најмоќната држава на светот.

Уништувањето на Nimrud уследи една недела по прикажаната снимка на која се гледа уништување на склуптура стара 2600 години, палењето на илјадници книги и уништувањето на храм во Mosul, град кој го завзедоја во јуни минатата година.

Спрема апсолутистичкото толкување на Исламот, џихадистите тврдат дека склуптурите и кралските гробници се идоли и затоа мораат да бидат уништени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top