Потекло на имињата на најпопуларните компании

Името на компанијата е посебно важно во технолошките компании

 |  инфодеск  | 

Името на компанијата е важно помеѓу технолошките компании бидејќи името сугерира колку е компанијата креативна и заинтересирана со името да ја покаже својата идеја и генијалност.

Без оглед за кој спектар на работење се работи, секоја компанија има некое скриено значење во своето име.

Apple – Излет во овоштарник со јаболка влијаел на изборот на името на денес најпопуларната компанија во светот. Токму Steve Jobs по враќањето од фарма со јаболка во Орегон му го предложил името Apple на својот соработник Steve Wozniak, како едноставно, духовито и непретециозно име за нивната компанија. Како што рекол Jobs едноставноста била една од неговите мантри.

Nintendo – Компанија која ја прослави SuperMario, го добила името од јапонскиот збор nintendou, односно со транслитерација во кинеското писмо тоа значи “прифаќање” и “небо”. Ако погледнеме лаички, Nintendo значи “ако се работи напорно, бог ќе се погрижи за останатото”.

Microsoft – Paul Allen е тој кој го смислил името на компанијата, а инспирацијата за името дошла од создавањето на MICRO процесорите и неговото предвидување дека SOFT-wer е иднината на компјутерите. Спојувајќи ги своите идеи дошол до зборот Microsoft.

Instagram – Барајќи име кое ги опишува, креаторите на Instagram, сервисот за размена на слики, ги споиле термините “instant kamera” и “telegram” сакајќи со тоа да сугерираат дека апликацијата ќе биде брза и интерактивна.

Sony – Комбинирајќи го латинскиот збор “Sonus” (звук) и американскиот сленг за младо момче “sonny”, се создало името за компанијата од милијарда долари. Основачот на компанијата Akio Morita со тоа име сакал да ја претстави компанијата како момчиња кои се занимаваат со слика и звук, притоа имајќи на ум дека името треба да биде јасно и лесно изговорливо на сите јазици.

Google – Larry и Sergey постдипломци на Stanford започнале соработка на пребарувачот BackRub, но одлучиле дека треба да му се даде ново име. По кратко размислување се одлучуваат за името Google – игра на зборови “googol”, математички термин за број кој го претставува бројот 1 и 100 нули. Терминот ја објаснува нивната замисла во организирање на бесконечна количина на информации на интернет.

Twitter – Звучи прилично едноставно, но името Twitter се создало од скратеницата на изразот twtr. Noah Glass бил еден од луѓето кои работеле на стартапот и кога проектот почнал да ги добива контурите тој ја смислил горе наведената скратеница од која подоцна се создало името на оваа мегакомпанија.

Samsung – Духовниот лидер на Samsung, Lee Byung-chull, го нарекол своето електронско царство со помош на корејската хајна, древно писмо на кое Samsung значи “голем, броен и моќен”.

Reddit – “Front page of the internet”, како што милувал да ја нарекува својата страница коосновачот Aaron Swartz, името на компанијата може да заблагодари на неговата посета на библиотеката на Универзитетот во Вирџинија. Иако преовладува мислењето дека името доаѓа од изразот “I read it online”, вистината е дека меѓу книгите по латински јазик Aaron го пронашол зборот “Reddo” што преносно значи разгледано и одобрено. Така се создало името Reddit.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top