Bertrand Piccard, еден од креаторите и пилот на авионот Solar Impulse 2, ќе го направи првиот пробен лет на неверојатниот и иновативен авион кој при летот не користи ниту една капка гориво туку исклучиво лета на соларен погон, а летот е посветен на принцот на Дубаи, Mohammed bin Zayed.
Принцот Zayed учествувал во проектот за изградба на соларниот авион од самиот почеток пред десет години.
“Го посветувам првиот лет на неговото величество, Шеикот Mohammed bin Zayed, кој го поддржа целиот проект од првиот ден на нашата средба”, рекол Piccard.
Solar Impulse 2 има распон на крилата од 72 метри, поголем од Боинг 747-8, а на нив има 17.248 соларни ќелии со дебелина од 135 микрони, четири литиумски батерии со густина од по 260 ват/часови електрична енергија по килограм, вкупно тешки 633 килограми (на нив отпаѓа една четвртина од целокупната тежина на авионот).
Авионот е тежок 2,3 тони, а неговата просечна сила изнесува максимални 70 КЅ.
Пробниот лет е направен пред два дена, а за шест дена Solar Impulse 2 ќе полета и ќе се обиде да го обиколи светот без една капка гориво. Со леталото ќе управува Piccard и неговиот копилот Andre Borschberg.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град