За тоа дека Google наредните месеци ќе заплови во водите на мобилни оператори се шпекулираше подолго време, а конечната потврда дека тоа навистина ќе се случи пристигна од Mobile World Congress (MWC) кој се одржува во Барселона. Токму таму потпретседателот за Google и Android, Sundar Pichai потврди дека компанијата ќе почне пробен период со своја мобилна мрежа и дека тоа, спрема неговите зборови, би требало да се случи пред крајот на годината. Со оваа најава, Pichai, веднаш се обидел да ги смири страстите велејќи дека “Google не е конкуренција на постоечките мобилни оператори”, ниту дека тие треба да се чувствуваат загрозени на било кој начин со оваа најава.
Секако, нагласил еден од водечките луѓе во компанијата, Google наскоро ќе соработува со неколку оператори и понудувачи на мобилни услуги кои ќе се вклопат во портфолиото на оваа мегакомпанија. Засега не е познато за кои оператори точно се работи, ниту каде ќе се тргне со пробниот период, но се претпоставува дека тоа ќе биде во САД и со тенденција да се прошири на остатокот од светот.
Нема сомнение дека Google, со оглед на големината, технологијата и постоечката инфраструктура би можел многу брзо да стане еден од водечките даватели на услуги во мобилната телефонија, но исто така, со оглед на големиот број на тужби за монополизам би морал да биде изнимно внимателен.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град