Мерцедес повлекува 147.000 автомобили

Поради ризик од пожар Мерцедес со непопуларен потег

 |  инфодеск  | 

Опасноста ја носи гумениот затворач под капакот од моторот кој може да падне во издувниот систем. Со тоа Мерцедес во САД повлекува повеќе од 147.000 автомобили, а станува збор за лимузинскиот CLS и лимузинската и караванска верзија на Е-класата произведени во периодот од 2013 до 2015 година, пренесува Reuters.

Како што известува американската агенција за безбедност во сообраќајот NHTSA, опасност претставува гумениот затворач под капакот од моторот кој може да падне во издувниот систем и така да го зголеми ризикот од пожар. Во Мерцедес порачуваат дека американските продавачи на автомобили ќе започнат да ги известуваат сопствениците за да можат проблемот да го отстранат.

Мерцедес и минатата недела поради сличен проблем повлече околу 149.000 CLS-и и Е-класа во Европа и Кина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top