Исламската држава се дели, растат внатрешните несогласувања

Се создаваат фракции помеѓу милитантите на Исламската државa

 |  инфодеск  | 

Сè повеќе извештаи кои доаѓаат од Исламската држава упатуваат на тоа дека помеѓу странските борци растат внатрешните несогласувања, додека Исламската држва се обидува да се опорави од бомбардирањата на своите упоришта во Ирак и Сирија, пишува Independent.

Јорданските воздушни сили тврдат дека ја намалиле борбената способност на Исламската држава за 20%, откако ги засилиле нападите против милитантите во осветата за смртта на пилотот Muath al-Kasaesbeh. Исламската држава исто така страда финансиски бидејќи им се прекинати рутите кои ја поврзуваат нивната територија.

Една од најголемите причини за создавање на фракции е одлуката жените и децата Jazidi да се разделат на борците како сексуално робје, смета Sajad Jiyad, истражувач на ирачкиот институт за економска реформа. Многу борци, вели, не разбираат дека постои трговија со киднапирани жени и деца.

“Тоа покажува дека сите членови на Исламскта држава не ја разбираат природата на таа организација”, објаснува тој. Пропагандниот магазин Dabiq објавил статија во која ја оправдува праксата за продажба на жени и деца. Jazidi-те се обвинуваат како неверници и се разделуваат помеѓу членовите на Исламската држава во склад со шеријатското право. Но, многу жители на територијата на Исламската држава тоа не го одобруваат.

Тензиите во Исламската држва се подигнаа и кога борците се повлекоа од Кобане по силното бомбардирање на тој град. Многу критики паднале на грбот на командантите кои не успеале да го задржат градот.

Неодманешното апсење на еден од командантите на Исламската држава, откако се спротивставил на палењето на јорданскиот пилот, води до заклучок дека бруталноста на Исламската држва понекогаш не ја одобруваат сите кои се во неа. Меѓутоа, не постојат индиции дека помеѓу највисоко рангираните во Исламската држва има несогласувања.

“Тензиите сепак се во пораст бидејќи има апсења и убиства внатре во Исламската држва, но истовремено покажуваат неверојатен отпор на интензивниот притисок, па мислам дека внатрешните поделби нема да доведат до растурање на организацијата”, рекол Jiyad.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top