Во силна експлозија и пожар кој уследил потоа, потполно е уништена канцеларијата на познатиот адвокат од Тузла, Фарук Баљагиќ, а претходно добил порака за сочуство на колешката во Бихаќ што е сватена како отворена закана, известуваат медиумите во БиХ.
Доцна синоќа околу 23.00 часот одекнала експлозија во канцеларијата на тузланскиот адвокат Фарук Баљагиќ, а ниту брзата интервенција на пожарникарите не спречила таа да изгори потполно, објавил дневниот весник Аваз.
Адвокатот за медиумите потврдил дека во петокот ги застапувал клиентите во процесот против познат лихвар од Тузла, но не можел да ги доведе во поврзаност со нападот. При тоа навел дека припрема “сериозен предмет” кој би можел да ја потресе Босна и Херцеговина, и дека е поврзан со извесен државен функционер чиј идентитет не го открил.
Спрема наводите на Баљагиќ тој претходно добил заканувачка порака во која од непознат број му е изразено сочуство за колешката Јасмина Коричиќ, која во петокот е убиена во напад во Бихаќ.
Пораката Баљагиќ ја сватил како закана, слична каква што добивала и државната обвинителка Дијана Кајмаковиќ.
Спрема наводите на Аваз, непосредно по екплозијата очевидци виделе лице со маскирна капа како го напушта местото на експлозијата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град