Рускиот претседател настојувал да го одложи примирјето во Украина за 10 дена бидејќи сакал проруските сепаратисти да го превземат источниот дел на градот Дебалцев во областа Доњецк, пренесува Guardian од сознанија на ЕУ самитот во Брисел.
Три од четири лидери кои учествуваа на разговорите во Минск, германската канцеларка Меркел, францускиот претседател Олан и украинскиот претседател Порошенко, отпатуваа директно од Белорусија на самит во Брисел.
Известувајќи ги останатите лидери на 26 европски влади за преговорите кои резултираа со примирје, чиј почеток е планиран за 15 февруари, исцртале слика која не влева доверба, пишува Guardian.
Сведоци од разговорите рекле дека лидерите се скептични за успехот на мировниот план, а влијание на тоа има отпорот на Путин да се прекине со огнот. Тој се надевал дека примирјето ќе се одложи на 10 дена за да присили на предавање околу 8.000 украински војници кои се опколени од сепаратистите во Дебалцев.
Кажано е дека Путин дал до знаење дека Дебалцев мора да падне. Во обраќањето до јавноста по договорот рекол дека проруските сепаратисти ги обиколиле украинските сили и дека очекува да го положат оружјето и да прекинат со отпорот.
Апсолутен приоритет на претседателот Порошенко било примирјето. Украинскиот лидер на самитот поднел емотивен извештај за конфликтите на истокот од Украина, велејќи дека не спиел две ноќи. Исто така, пред разговорите во Минск ја посетил болницата во источниот град Краматорск каде го погодила глетката на четиригодишно дете кое ги изгубило двете нозе во гранатирањето на сепаратистичките сили.
“Никој цврсто не верува дека мировниот процес потпишан во Минск ќе се почитува”, рекол Порошенко. Во петокот во дел од источна Украина се одвивале жестоки борби, а од двете страни стигнуваат обвинувања за убиство на цивили.
Намерата на договореното примирје во Минск било да се направи пат за решение на кризата во земјата, Тоа уследи по 16 часа разговори. Примирјето и повлекувањето на оружјето ќе го надгледува ОБСЕ, а еден дипломат на самитот рекол дека следните 48 часа ќе бидат клучни.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град