Најчуваната торба на светот

Во торбата се наоѓаат четири важни работи

 |  инфодеск  | 

Црниот кожен ковчег, кој секогаш е некаде во близина на претседателот Barack Obama се вика “football”. Многумина ја нарекуваат и црна кутија, а долго се верувало дека во неа се наоѓа она злогласно црвено копче со кое се активираат американските нуклеарни проектили.

Иако има врска со нуклеарното оружје, во оваа торба сепак не се наоѓа кобното црвено копче. Поточно, во неа се наоѓаат 4 работи – црна книга на чии 75 страници, помеѓу другото, има постапка во случај на нуклеарен напад. Со неа има уште една книга со пописи на места на кои, во случај на нуклеарен напад, американскиот претседател може да се засолни. Тука е и фасциклата со процедура за управување со комуникацискиот систем преку кој американскиот претседател се обраќа на нацијата во вонредни ситуации. А за да биде атомскиот сет комплетиран, секако, тука се наоѓаат и кодовите за авторизација на нуклеарен напад. Бидејќи од торбата излегува антена, логично е да се заклучи дека внатре има и некаков систем за комуникација.

Ковчегот името го добил по кодното име за американски нуклеарен план за напад “Dropkick” што е термин од американскиот футбал, рекол поранешниот американски министер за одбрана Robert McNamara.

Лицата на кои им е доверена торбата проаѓаат низ посебни обуки и во секој момент мораат да ја носат за претседателот кади и да оди. “Секогаш сте внимателни, јас често сум ја отворал за да проверам дали е сѐ на своето место”, рекол офицерот Robert Patterson за AP, кој бил задолжен за торбата за време на администрацијата на Clinton.

Овој смртоносен багаж прв пат се појавил за време на Kennedy, недолго по кубанската криза во 1962 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top