Apple стана прва компанија во светот по пазарна вредност

Apple ја премина вредноста од 700 милијарди долари

 |  инфодеск  | 

Apple вчера стана првата компанија во светот со пазарна вредност поголема од 700 милијарди долари, бидејќи цената на акцијата на овој технолошки џин скокна за околу 2%, по соопштението дека ќе ги намалат трошоците за работа.

Пазарната вредност на Apple достигна 710 милијарди долари, откако цената на акцијата порасна за 1,9%, на 122 долари, па така компанијата се зацврсти на чело на листата најголеми светски компании по пазарна капитализација.

Цената на акцијата на овој технолошки џин непрестано расте откако неодамна соопштија дека во последното ланско тромесечие отстварил заработка од 18 милијарди долари, што е рекордна квартална добивка на една компанија во светот, а тоа е благодарение на фантастичната продажба на iPhone во божиќната сезона и растот на продажбата во Кина од 70%.

Вчера цената ја поттикна и соопштението на Apple дека склучиле договор со калифорнискиот снабдувач со сончева енергија, First Solar, вреден 850 милиони долари, кој ќе му овозможи големи заштеди на трошоците за електрична енергија.

Покрај тоа, Apple најави издавање на обврзница на рок од 10 и 15 години номинирани во швајцарски франци, кои би привлекле голем интерес кај инвеститорите, што значи дека компанијата ќе се задолжи по многу поволни услови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top