Toyota повторно повлекува автомобили поради проблем

Toyota веројатно е “претплатена” за повлекување на своите автомобили

 |  инфодеск  | 

Причина за најновото повлекување на еден од автомобилите на Toyota, Yaris Hybrid, е проблемот со изработката на сопирачките. Имено, забележано е дека наведениот проблем може да предизвика оштетување на сопирачкиот клип а последица би била истекување на течноста за сопирање.

Какви би биле последиците на истекување на сопирачката течност и доаѓањето во контакт со сопирачкиот диск, воопшто не е за споменување. Но, и кога не би дошло до контакт на дискот со течноста, истекувањето на течноста постепено ќе предизвика намалување на ефектот на сопирање.

Како и да е сепак станува збор за уште едно во низата повлекувања кои Toyota ги имаше во последните неколку години. Секако дека се сеќаваме за големата бука која се крена поради случајот на ненамерно забрзување на автомобилите на Toyota. Но, оттогаш овој јапонски производител имаше низа на проблеми со своите автомобили поради кои следеа повлекувањата. Меѓудругите се повлекувањето на 1,7 милиони возила во април 2013 година поради проблемот со воздушните перничиња, повлекувањето на хибридниот модел Pirus поради проблем со сопирачките во јуни истата година и повлекувањето на моделите Avensis и Corolla Verso во декември 2013 година, исто така поради проблем со сопирачките.

Фактот дека наведените причини не се безопасни, повлекувањето сепак донекаде може да смирува бидејќи покажува дека Toyota  работи на решавање на проблемите. Но, останува нејасно зошто најголемиот производител, познат по тоа што е секогаш високо рангиран по задоволство на купувачите, има толку многу технички проблеми со своите автомобили.

Yaris Hybrid кој е сега повлечен се произведуваше само 5 дена пред да биде повлечен. За среќа, тоа гарантира дека нема да се најдат многу потенцијално опасни автомобили на патиштата. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top