Дали газираната вода е штетна?

Постојат многу урбани митови за минералната газирана вода

 |  инфодеск  | 

Постојат многу урбани митови за минералната газирана вода дека е штетна, но ако ја сакате, вистината е дека не постои ниту една причина да не уживате во пиење на тој пијалок, пишува Time.

За почеток, минералната газирана вода е одлична замена за газираните пијалоци кои содржат шеќер. Исто така, нема причина да се грижите за глеѓта на забите бидејќи газираната вода причинува незначителна штета.

Газираната вода нема негативно влијание врз коските, за ралика од некои други газирани пијалоци за кои е откриено дека ја намалуваат густината на коските во женските колкови.

Сите експерти се сложуваат дека минералната газирана вода е безопасна додека низ исхраната внесуваме доволно калциум.

Без оглед на меурчињата, еден дел на препорачаните дневни количини на течности можете да ги дополнувате со минерална газирана вода.

Докажано е дека луѓе кои пијат минерална вода имаат помалку проблеми со килограмите, веројатно поради меурчињата кои даваат чувство на ситост.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top