Најголем скок на цената на нафтата во последните две седмици

Цената на нафтата и во претходната седмица во нагорна линија

 |  инфодеск  | 

Минатата седмица цената на нафтата доживеа најголем скок во последните 17 години, што е последица на затворање на бушотини, намалување на инвестициите на нафтените џинови и поттикнување на стопанските мерки на кинеската централна банка.

На берзата во Лондон цената на барел нафта пораснала за 9%, на 57,80 долари, додека во последните две седмици цената скокнала за 19% што е најголем двонеделен скок од 1998 година.

Сепак, растот на цената не беше праволиниски бидејќи минатата седмица таа осцилираше, па во еден ден на американските берзи цената на нафтата падна за 9%, откако се објави дека резервите на црното злато во САД  една недела пред тоа достигнале рекордни нивоа.

Сепак, тие губитоци брзо се надокнадија по веста за намалување на бројот на активни бушотини. Спрема податоците на нафтената компанија Baker Hughes, во февруари во светот бројот на бушотини е намален за 261, а само во САД за 199. Минатата седмица во САД оваа бројка е додатно намалена за уште 83, покажуваат податоците на Baker Hughes.

Зголемувањето на цената на нафтата се должи и на најавата на нафтените џинови за намалување на инвестициите и производството, што значи дека понудата и побарувачката на пазарот треба да се урамнотежат. Минатата седмица British Petroleum најави дека во 2015 година ќе ги намали капиталните расходи за отприлика 3 милијарди долари.

Третата причина за растот на цената на нафтата е најавата на централната кинеска банка за стимулативните мерки на тамошното стопанство кое е најголем потрошувач на суровини, а со тоа би се зголемила и побарувачката по црното злато.

Овие фактори ја потиснаа во втор план загриженоста поради презаситеност на пазарот за нафта како и одлуката на Саудијска Арабија за намалување на цената за азијските купувачи на најниско можно ниво во последните 12 години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top