За прославата од 15 години постоење, Burj al-Arab, еден од најлуксузните и најскапи хотели на светот, нарачал изработка на 30 парчиња iPhone 6 уреди направени од злато кои ќе се продаваат по цена од 12.500 долари.
“Во соработка со Gold&Co. ќе направиме 15 уреди во жолта боја и црно злато” било соопштено од Burj al-Arab.
Телефоните ќе можат да се купат само во хотелот, а секој ќе има плочка со потврда за автентичност.
Многу продавници за скапоцености денес изработуваат дизајни на мобилни телефони и испорачуваат ограничени серии на уреди од скапоцени материјали. Така луксузниот бренд Caviar стои зад таканаречениот Putinphone, iPhone во златна и титаниум боја изработен во 144 примероци. И покрај цената од 3.600 долари, сите биле распродадени.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град