Неочекувана одлука на Европската централна банка

Грчките банки во тешка ситуација

 |  инфодеск  | 

Европската централна банка ненеадејно вчера одлучи да не ги прифаќа грчките обврзници како осигурување за заемите, со што теретот за финансирање на грчките банки е префрлен на грчка  страна, а тоа истовремено значи изолација на Грција, освен ако новата левичарска влада не постигне договор со своите доверители.

Оваа одлука значи дека грчката централна банка ќе мора да обезбеди десетици милијарди евра итни заеми во седмиците кои доаѓаат,а е предизвикана со тоа што многумина во Франкфурт сметаат дека новата грчка влада ја напушта меѓународната програма за помош за реформите.

Одлуката е објавена само неколку часа по средбата помеѓу грчкиот министер за финансии, Janis Varufakis, и претседателот на ECB, Mario Draghi кој изјави дека ECB ќе направи сѐ што е потребно за да помогне на државите членки како што е Грција. Но, се случи сосем спротивното. Одлуката на ECB, за која било потребно поддршка од мнозинството гувернери на централни банки на еврозоната, покажува дека новите грчки планови запрепастила многумина, не само во Франкфурт туку во целата еврозона.

Одлуката, која стапува на сила на 11 февруари, значи дека грчките државни обврзници вредни десетици милијарди евра како и обврзниците на банките за кои гарантира Атина веќе нема да бидат прифаќани како колатерал во замена на заеми од ECB на тие банки. Наместо тоа, грчката централна банка ќе мора на грчките банки да им обезбеди итни заеми и сама да го сноси ризикот. Ако западне во проблеми централната грчка банка поради ова, тогаш грчката влада ќе мора да помогне, а тоа нема воопшто да е лесно.

Грчките банки со оваа одлука се доведени во тешка ситуација. Две грчки банки веќе ги користат итните заеми од грчката централна банка поради повлекувањето на депозитите од страна на граѓаните по победата на радикалната Сириза.

Без поддршка на доверителите и ECB, Грција многу брзо би можела да се се најде во тешка финансиска криза. Имајќи во предвид дека нема да има пристап до пазарите поради големите трошоци на задолжување, грчката влада има доволно пари за само неколку месеци, а на лето мора да враќа околу 10 милијарди евра долгови.

Одлуката на ECB се одрази веднаш и на курсот на еврото кое падна во однос на доларот. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top