Ултиматумот истече, убиен e и вториот Јапонец

ISIS објави видео од егзекуцијата и на вториот јапонски новинар

 |  инфодеск  | 

Милитантите на Исламската држава објавија видео од егзекуција и на вториот јапонски новинар, а се утврдува автентичноста на снимката.

Kenji Goto, ако се верува на снимката од Исламската држава, е егзекутиран како и неговиот сонародник Haruna Jukawa пред една седмица, јавува Reuters.

Јапонската влада се обидува да ја утврди автентичноста на снимката која е објавена на интернет. Нивниот портпарол го осуди овој чин, пишува Sky News.

Да потсетиме, Haruna Jukawa е погубен по истекот на ултиматумот кој милитантите на Исламската држава им го поставија на властите во Токио. Во замена за ослободување на двајцата заложници бараа 200 милиони долари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top