Илјадници работници во ноќните смени во германските фабрики ја прекинале работата минатата ноќ, протестирајќи поради неспремноста на работодавачите за зголемување на платите, објави IG Metall, најголемиот германски синдикат.
IG Metall, кој брои 3,7 милиони работници, го одбил предлогот на работодавачите кои нудат зголемување на платите за 2,2% од 1-ви март. Синдикатот сака зголемување од 5,5% од почеток на годината, порачувајќи дека солидниот пораст во најголемото светско стопанство го оправдува барањето.
Само во Северна Рајна Вестфалија повеќе од 3.000 работници во 15 компании ја прекинаа работата на еден час и протестирале пред влезовите на своите компании, објавил IG Metall.
Со штрајкот беа опфатени компании ширум Германија, вклучувајќи ги и производителите на автомобили BMW и Daimler, како и производителот на опрема за автомобили Schaeffler.
Преговорите помеѓу работодавачите и синдикатите би требало да продолжат на 6-ти февруари во Северна Рајна Вестфалија, а 11-ти февруари во Баден-Вуртенберг.
Истовремено со штрајкот во фабриките, штрајкуваа и безбедносните служби на два аеродроми, Диселдорф и Келн/Бон, поради што имало доцнење на стотици летови, откако синдикатот Verdi повикал на штрајк поради три неуспешни круга на преговори со работодавачите. Од вкупно 530 планирани летови во Диселдорф, откажани биле 205, а на аеродромот Келн/Бон од 190 откажани биле 40.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град