Тастатура која го препознава сопственикот

Развиена е теастатура која го препознава сопственикот и сама се чисти

 |  инфодеск  | 

Американските и кинеските научници, заеднички развиле тастатура која го препознава начинот на пишување на нејзиниот сопственик и со тоа е унапредена конвенционалната компјутерска безбедност.

Тастатурата која е развиена на технолошкиот институт во Џорџија и кинеската академија на науки може да го искаже фактот дека секој човек на тастатура пишува различно.

Оваа интелегентна тастатура, наречена IKB, може прецизно да го идентификува корисникот (и натрапникот) во реално време врз основа на начинот на пишување. Тоа го прави со претворање на движењето по тастатурата во динамични електрични сигнали, кои делуваат како своевиден биометриски потпис.

Научниците велат дека електричните сигнали се генерираат врз основа на ритамот на пишување, брзината и навиката на пишување, големината на прстите, индивидуалниот биоелектрицитет, применетата сила на копчињата и слично. Сигналите пружаат изнимно прецизен, единствен и траен пишувачки потпис, објавиле авторите во списанието ACS Nano.

И конечно, освен тоа што тастатурата е паметна, благодарение на дизајнот и материјалите од кои е изработена, оваа тастатура оневозможува да се заглават остатоци од храна помеѓу копчињата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top