Нападнати Facebook и Instagram поради што беа вон употреба еден час

Што се случи со најпопуларните социјални мрежи?

 |  инфодеск  | 

Откако корисниците ширум светот не можеа да пристапат на своите профили на популарните социјални мрежи во медиумите се јави хакерската група Lizard Squad која ја превзеде одговорноста за нападот.

Facebook и Instagram утрово беа недостапни ширум светот, а причина е наводно сајбер напад. Имено, групата Lizard Squad ја превзеде одговорноста за утринскиот напад на социјалните мрежи, пишува Daily Mail.

Станува збор за страници кои имаат вкупно 1,5 милијарди корисници кои не беа во можност да пристапат на своите профили околу еден час.

И покрај тврдењата на хакерите, Mark Zuckerberg сеуште не ги изнесол причините на проблемот.

Се појавија и тврдења дека снежната бура која е во тек на североистокот на САД ги оштетила серверите.

А додека Facebook и Instagram се соочуваа со проблемот, Twitter беше во функција и многу брзо се појавија хаштази #facebookdown и #socialmeltdown2015.

Имено, хакерската група Lizard Squad и порано предизвикувала хаос во онлајн светот. Тие ја превзедоја одговорноста и за нападите на Sony PlayStation Network и Microsoft’s Xbox Live минатиот месец.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top