Пристигнува историска бура која би можела да загрози 60 милиони луѓе

Историска бура во Њујорк, откажани илјадници летови, затворени училишта…

 |  инфодеск  | 

Во Њујорк, но и во други подрачја на североистокот на САД е сѐ во прекин поради бурата Juno која спрема очекувањата со себе ќе донесе и околу 90 цм снег пропратено со замрзнат дожд и ветар кој ќе достигне повеќе од 100 км на час. Националната метеоролошка служба бурата ја опишува како опасна за живот и историска. На сите возила кои не се дел од првата помош им е забранет сообраќајот од 11 часот навечер по локално време, а откажани се и услугите на подземната железница.

Бурата би можела да влијае на животите на 60 милион луѓе, пишува BBC.

Како што јавува Reuters, станува збор за потенцијално историска бура која би можела да влијае на 20% од американската популација. Во најмалку шест сојузни држави е прогласена вонредна состојба. Откажани се илјадници летови, затворени се училишта и јавни превози меѓу кои и веќе споменатото њујоршко метро.

Најрано отворање на училиштата се очекува во среда, а најтежок терет од невремето ќе почувствува Бостон. Метеоролозите во Бостон јавија дека утрово во близина на аеродромот Nantucket Memorial дувал ветар до 70 км на час.

“Ве молам останете во своите домови”, им порачал гувернерот на Њу Џерси Chris Christie на жителите, а гувернерот на Њујорк, Andrew Cuomo ги предупредил жителите да не ја кршат забраната за возење бидејќи на тој начин вршат злосторство.

Градоначалникот на Њујорк, Bill de Blasio ги повикал жителите да останат дома и да се засолнат од улиците каде 2.300 специјални возила ги чистат градските улици.

“Ова ќе биде веројатно една од најголемите бури во историјата на Њујорк”,рекол градоначалникот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top