Кафето содржи протеин со учинок кој е сличен на морфиумот и неговото времетраење е подолго од него, откриле научници од Универзитетот во Бразилија и бразилската државна компанија за земјоделски истражувања Embrapa, пренесува RT.
За време на истражувањето кое го водел Felipe Vinecky пронајден е досега непознат фрагмент на протеин, пептид, кој како и морфиумот има аналгетички и седативни својства. Тестирањето на лабораториски глувци покажало дека новопронајдената супстанца има времетраење до 4 часа, а не се забележани никакви нуспојави.
И универзитетот и Embrapa поднеле барање за патенти за седум протеини, опиодни пептиди. Во Embrapa веруваат дека ова откритие ќе има голем биотехнолошки потенцијал за индустријата на здрава храна.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град