Цената на нафтата денес повторно падна на меѓународните пазари, достигнувајќи ниво под 48 долари, откако новиот саудиски крал Салман ги пригуши стравувањата од период на нестабилност и промена на политиката по превземањето на власта на најголемиот светски извозник на нафта.
На лондонската берза еден барел се тргуваше по 86 центи пониска цена во однос на претходното затворање на берзата, односно 47,93 долари, додека на американскиот пазар за испорака во март се тргуваше по 62 центи пониска цена, односно 44,97 долари.
Новиот саудиски крал Салман, кој ја превзеде должноста по смртта на кралот Абдула, побрза во петокот да ја извести јавноста дека министерот за нафта Али ал-Наими ќе остане на должноста, со што најави континуитет на досегашната политика на Саудијска Арабија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град