Гранатирана автобуска станица во Доњецк

Најмалку 13 лица загинале, а на десетици се повредени

 |  инфодеск  | 

Најмалку 13 лица загинале, а на десетици се повредени рано утрово кога граната погодила автобуска станица во населбата Ленински, во Доњецк, на истокот од Украина, соопштија официјални лица на Народната Република Доњецк.

Спрема првичните информации, гранатата е испукана околу 9 часот по локално време од минибус, пренесува Tass.

До гранатирањето дошло откако Русија и Украина вчера постигнаа договор за процедурата на повлекување на тешкото оружје на истокот од Украина.

Спрема зборовите на министерот за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер,  неговите колеги од Русија и Украина се согласиле дека тешкото вооружување треба да биде повлечено 15 километри од демаркационата линија дефинирана со договорот од Минск постигнат во септември минатата година.

Договорот кој беше постигнат по разговорите во Берлин вчера претставува напредок, рекол Штајнмаер, но не и пробивање на напорите во постигнување на мировен договор на истокот од Украина, пренесува АР.

Киев и Москва се обвинуваат меѓусебно за неуспехот на примената на договорот за прекин на огнот договорен минатиот септември во Минск, за да се заврши конфликтот на истокот од Украина, во кој, спрема проценките на Обединетите нации, од април минатата година загинале 4.800 а се иселени околу 1,2 милиони луѓе, пренесува Reuters.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top