Уапсен Французин во Бугарија кој бил поврзан со браќата Kouachi

Французинот Fritz-Joly Joachin повеќе пати бил во контакт со Cherif Kouachi

 |  инфодеск  | 

Французинот кој на 1 јануари бил приведен од бугарската полиција при обид да ја премине границата, за пат кон Сирија, е осомничен дека бил во врска со Cherif Kouachi, еден од извршителите на атентатот на неделникот Charlie Hebdo, објавило бугарското обвинителство, а пренесува AFP.

Во францускиот налог за апсење против Fritz-Joly Joachin се споменува обвинение за учество во криманлна вооружена група со цел организирање терористички дела, рекла Дарина Славова, главен обвинител на градот Хасково.

Пред патувањето во Турција на 30 декември, тој повеќе пати бил во контакт со Cherif Kouachi, се наведува во обвинителниот налог.

Joachin (29), со потекло од Хаити, е приведен со детето на 1 јануари во обид да ја премине бугарско-турската граница со автобус.

Обвинителството на Хасково најнапред навело дека против него е издаден европски налог за апсење откако неговата сопруга го обвинила за киднапирање на тригодишниот син за да го одведе кај џихадистите во Сирија за да го одгледа спрема начелата на радикалниот ислам. Детето во меѓувреме е вратено на мајката.

Осомничениот рекол дека патува со синот во Истанбул за да ги помине празниците таму.

Бугарското обвинителство одлуката за екстрадиција на обвинетиот во Франција ќе ја донесе во петок.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top