Видео: Претставен полнач кој ја полни батеријата за 30 секунди

Компанијата StoreDot претстави полнач на CES 2015 во Лас Вегас

 |  инфодеск  | 

Компанијата StoreDot претстави полнач кој батеријата на паметниот телефон може да ја наполни за само неколку секунди. Овој полнач е претствен на меѓународниот саем за потрошувачка електроника во Лас Вегас (CES 2015), а батеријата на мобилниот телефон ја полни за помалку од 30 секунди.

Извршниот директор на компанијата, Doron Myersdorf, изјавил дека оваа батерија користи нова технологија и материјали кои овоможуваат брзо полнење.

Технологијата е базирана на биолошки полупроводници и работи на принципот нанотехнологија и користи танки природни кристали со пречник од два нанометри, наречени NanoDots кој во себе содржат аминокиселини кои создаваат напон.

Компанијата моментално работи на намалување на големината на полначот, кој во моментов е со големина на кабел за лаптоп. Продажбата на финалната верзија на полначот би требало да започне во 2017 година, а StoreDot досега во истражување на матрријалите вложил неколку милиони долари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top