Ископале тунел за да дојдат до iPhone

Фановите на Apple се спремни на радикални работи за да дојдат до iPhone

 |  инфодеск  | 

Спрема предвидувањата на некои аналитичари од USB, во последниот минатогодишен квартал најмногу паметни телефони на Apple се продадени во Кина, а благодарение на големата побарувачка по новите модели на iPhone, Apple го зголеми уделот на мобилниот пазар и се верува дека последните три месеци тие продале околу 70 милиони телефони.

Тројца мажи од Пекинг одлучиле да ја искористат големата побарувачка по телефоните на Apple и на памет им паднала интересна идеја – одлучиле да ископаат тунел до еден склад во кој биле сместени мобилните уреди на Apple и да ги украдат. Еден од арамиите претходно возел камион за компанијата во чија зграда бил складот и ноќта помеѓу 12 и 13 декември тој и уште двајца го пробиле тунелот со големина околу половина метар и од складот украле 240 модели на iPhone6 и iPhone6 Plus. Вкупната вредност на украдените телефони се проценува на 230.000 долари, а арамиите телефоните ги продале и заработиле добри пари кои ги потрошиле на автомобили, коцкање и злато.

Но, нивниот раскалашен живот не траел долго бидејќи полицијата ги фатила следејќи ги сериските броеви на украдените телефони.

Имено, Apple има голема бројка од фанови во Кина кои се спремни да направат  бројни радикални и неверојатни работи за да дојдат до iPhone. Најпознат пример е оној од 2012 година кога 17 годишник го продаде бубрегот за да може да купи iPhone и iPad, а поради тој случај многу интернет портали во Кина новиот модел на iPhone6 го нарекоа “Бубрег 6”.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top