За време на конференцијата воочи Consumer Electronic Show 2015 во Лас Вегас Sony го претстави новиот 4К ТВ серија Х900С.
Со ширина помала од половина центиметар, Х900С е најтенкиот LCD телевизор кој некогаш е направен, и како што наведува Sony потенок е од мобилните уреди Xperia.
Sony исто така наведува дека Х900С серијата ќе биде покрената преку Android TV оперативен систем и ќе содржи PlayStation Now услуга за стримање на видео игри.
Не само што ќе може да се пристапи на Google Play Store, туку ќе може да се користат и гласовни наредби. Претставникот на Sony Mike Fasulo покажал како тоа работи додека се користи Sony One-Flick touchpad далечинскиот управувач. Тој во далечинскиот управувач го изговорил само името Gary Busey, а во една секунда се добила можноста да се прегледаат сите филмови на актерот преку Google Play, видео исечоци преку YouTube и уште многу други опции.
Новиот процесор на Sony X1 ја придвижува целата оваа работа, овозможувајќи подобрување на боите, подобар контраст и јасност.
Новата линија на X900C ќе се продава во три големини, а тоа се 55, 65 и 75 инчи, а излегувањето на пазарот се очекува оваа година. Сеуште нема информации за цената, но се очекува дека за новиот ТВ на Sony ќе треба да се одвои поприлично голема сума.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град