Напад во Париз поврзан со тероризам

Најмалку 12 мртви, напаѓачите во бегство

 |  инфодеск  | 

Три наоружани лица ја нападнале канцеларијата на сатиричниот магазин Charlie Hebdo и погубиле 12 лица.

Овој напад засега го осудија британскиот премиер David Cameron, канцеларката на Германија Angela Merkel и претседателот на САД Barack Obama.

Le Mond известува дека училиштата и градинките ги евакуирале учениците во 11 окрузи во Париз.

Спрема најновите информации 12 лица се мртви во нападот, а пет се тешко повредени, потврдил портпаролот на француската полиција. Напаѓачите по крвавиот напад побегнале од зградата, а на улицата влегле во автомобил кој го возел нивен помагач. Отакако се одвезле до Port de Pantin на североисток од Париз, го напуштиле автомобилот и грабнале друго возило со кое се упатиле во непознат правец. Полицијата трага по напаѓачите.

Францускиот претседател Francoise Hollande веднаш дошол на местото на нападот и безбедносните сили го известиле за деталите на настанот. Тој нападот го нарече терористички и варварски.

Напаѓачите биле со тешко вооружување, добро извежбани со намера да убајат што повеќе луѓе.

Сведоците велат дека слушнале рафална стрелба во канцелариите на познатиот магазин, меѓудругото и по карикатурата на пророкот Мухамед, поради што и претходно беа на мета на напади од страна на муслиманите. За нападите сведочи и Benoit Bringer, новинар на агенцијата Premiere Ligne кој ги потврдил изјавите на сведоците.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top