Многу лошите метео услови на голема висина на која летал авионот на AirAsia, кој пред една недела се сруши во Јаванското море, биле прекинувачот за несреќата, соопштила индонезијската метеоролошка агенција.
Потрагата по телата и трупот од авионот Airbus A320-200 кој се сруши на 28 декември во Јаванското море со 162 патници и членови на екипажот, влезе во втората недела и ја отежнуваат неповолни метео услови. На екипите приоритет им е да ги пронајдат црните кутии, клучни за откривање на причините за падот на авионот.
“Врз основа на расположивите податоци за последниот контакт со авионот, метеоролошките услови биле пресудни за причините на несреќата”, стои во соопштението на интернет страницата на агенцијата. “Неверојатен метеоролошки феномен бил мразот кој може да ги оштети моторите поради процесот на ладење. Се работи за можност, втемелена со анализата на постоечките метеоролошки услови”, се додава во соопштението на агенцијата.
Непостоечката видливост во морето ги спречила индонезијските нуркачи да дојдат до еден голем објект за кој се верува дека е дел од авионот. Досега се пронајдени четири дела, а петтиот е локализиран и има димензии од 10м х 1м.
Ова е трета авионска несреќа на една малезијска авионска компанија во 2014 година, по трагедиите на двата авиони на Malaysia Airlines, на летовите MH370 и MH17.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град