Решителна наредба на Владимир Путин

Русија се наоѓа во криза но некои нејзини граѓани живеат безгрижно

 |  инфодеск  | 

Веќе долго време меѓу обичните граѓани, но и во новинарските кругови, се зборува за високите примања на директорите на големите државни компании, пред сѐ на големата тројка Гаспром, Роснјефт и државната железница. Но, со новата година најбогатите добија нова обврска со која ќе мораат јавно да ги објавуваат своите приходи.

Дури ни Владимир Путин, рускиот претседател, не знае колку му е платата, но секоја година неговата и премиерската имотна картичка е уредно јавно објавена.

Во Кремљ во 2015 година службениците од сите нивоа нема да добијат никакви бонуси,  поради економските проблеми со кои се соочува Русија поради санкциите. Во исто време шефовите на најголемите државни компании кои се направени со државни пари, се возат со службени автомобили и авиони и се хранат во најлуксузни ресторани, а покрај сето тоа имаат огромни плати и уште поголеми бонуси.

Иако досега одбивале тоа да го прават, шефот на Роснјефт Игор Сечин, шефот на Гаспром Сергеј Милер и шефот на државната железница Владимир Јакуљин, ќе мораат јавно да ги објават своите имотни картички.

Дмитриј Медведев, рускиот премиер, кој во 2011 година како руски претседател нареди политичарите да се повлечат од надзорните одбори во компаниите, поради новонастанатата состојба го смени мислењето и бара враќање на политичарите во тие тела, пренесува  RT.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top