Илјадници Унгарци повторно протестираа на улиците

Минатата вечер повеќе илјади Унгарци повторно излегоа на протести

 |  инфодеск  | 

Повеќе илјади Унгарци повторно на протести против претседателот на владата Виктор Орбан предупредувајќи го за погрешните политики на политичката елита.

Протестантите носеле транспаренти на кои го осудуваат Виктор Орбан, чија популарност сериозно е нарушена последните месеци без оглед на трите изборни победи во 2014 година. Протестантите се загрижени поради политиките кои ги оддалечуваат од западот и ги зголемуваат врските со Русија.

Еден од протестантите истакнал дека загрижува тоа што владата на Орбан се изложува на руското влијание и го навел примерот за заемот од 10 милијарди евра кој Русија ѝ го дала на Унгарија за проширување на нуклеарните централи.

Други не ја одобруваат владината политика за централизацијата во образованието и државната администрација. Една протестантка објаснила дека тие се плашат од сите аспекти за централизацијата, споредувајќи го тоа со времето од комунизмот.

Протестантите оштро ја критизираа политичката елита која ја води земјата, а протестите ја тресат Унгарија од октомври, откако конзервативната влада на Орбан предложи данок за употреба на интернет.

Со редовни протести против корупцијата и зближувањето на Орбан со рускиот претседател Путин се врши притисок на семоќниот челник на десниот центар.

Организаторите повикале на нов протест на 1 февруари, токму пред посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Будимпешта.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top