Компанијата The Sole Power Ensoles на купувачите им понудила услуга која досега се чинеше невозможна и која на сите би можела да им го олесни животот.
Студентите од американскиот универзитет Carnegie Mellon во кикстартер кампањата собрале пари за својот проект и создале пренослив гаџет кој за еден час одење го полни паметниот телефон.
Полначот е сместен во обувките, а делува така што кинетичката енергија добиена со линеарно одење ја претвора во ротирачко движење кое потоа го придвижува микрогенераторот на електрична енергија. Добиената енергија се собира во батерија која има излез во облик на USB и на тоја начин претставува полнач за поголем број уреди – мобилни телефони, мп3 плеери, GPS уреди и слично.
Овој пренослив уред може да се смести во било која обувка бидејќи изгледа како влошка за чевли и не се гледа при носење.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град