Ладилникот е уред од кои се закануваат многу опасности и секако треба да се следат правилата на кои треба да се придржуваме во ракувањето со него. Имено, доколку не се води грижа за него, тој навистина може да биде трујач на вашето здравје, сметаат експертите. Стотици бактерии, како salmonella и Escherichia coli се закануваат од ладилникот. Ова се начините на кои ве труе вашиот сопствен ладилник.
-Свежо месо на горната полица – Откако месото ќе го извадите од замрзнувачот не е паметно да го оставате на најгорната полица од ладилникот. Имено, одмрзнатата вода тогаш се слева на останатите полици, а токму тоа може да биде патот за ширење бактерии по ладилникот. Најдобро е месото да го ставите во цврста пластична кеса на дното од ладилникот.
-Преполн ладилник – Ако ладилникот ви е пренатрупан со намирници се пореметува циркулацијата на ладен воздух и тоа создава околина која е идеална за развој на разни бактерии.
-Овошје и зеленчук во иста преграда – Доколку не знаевте, овошјето испушта етилен кој го забрзува стареењето на зеленчукот. Но и кога се заедно во иста полица, поголема е веројатноста од развој на бактерии.
-Јајца на вратата од ладилникот – Иако се подразбира јајцата да се чуваат на вратата, тоа сепак не е добра идеја. Имено, температурата во ладилникот веднаш до вратата е повисока во остатокот и токму тоа може да доведе до расипување на јајцата и развој на бактерии. Најдобро е да ги оставите во картонската кутија и да ги сместите длабоко во внатрешноста на ладилникот каде температурата е најниска.
-Нередовно чистење на ладилникот – Колку често го чистите ладилникот? Многумина тоа го прават еднаш годишно, но впрочем, треба да се чисти еднаш неделно. Најдобро е да се исчисти со помош на крпа потопена во жешка вода помешана со киселина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град