Кризата во Русија сѐ подлабока

На банките им се заканува пропаст а граѓаните сѐ посиромашни

 |  инфодеск  | 

Руското стопанство е во криза а крајот на годината донесе најголем пад на рубљата во последните 15 години. Аналитичарите предупредуваат дека ќе биде уште полошо доколку цената на нафтата продолжи да паѓа. Што се случува во најголемата земја во светот?

Во последните 15 години руското стопанство растеше со голема брзина. Растот почна во 2000 година и следните осум години се движеше околу 7%. Во 2008 година и Русија беше погодена од економската криза, како и остатокот од светот, но опоравувањето беше брзо.

Ако сега ги споредиме движењата на цената на нафтата тогаш и сега, јасно е дека руското стопанство е премногу  зависно од тоа. А цената на нафтата на светските берзи во последните месеци паѓа. Стопанствата неизбежно ќе се прилагодат на ниските цени на енергенсите а нужна е и разноврсноста. Ако цената на нафтата продожи да паѓа, во некој момент е нужен раст поради глобален стопански раст и зголемување на побарувачката. Нема сомнение дека тоа и ќе се случи, рекол неодамна претседателот на Русија Владимир Путин.

На стопанската криза во Русија на големо влијаеа и санкциите на западот, кои се воведени поради рускиот став спрема украинската криза.

ЕУ и САД прво наметнаа дипломатски санкции, обидувајќи се да ја изолираат. На пример, Русија е исклучена од групата G8. Следуваа рестрикции, односно забрана за патување и замрзнување на имот за повеќе од 130 богати луѓ, за да на крај кон Русија се воведат економски санкции, кои предизвикуваат најголеми штети. Забрането е тргување со најголемите руски банки, а трговијата со енергенси и со воените компании е ограничено. Слични санкции кон Русија воведоа и земји како Јапонија, Австралија и Канада.

Кризата во Русија е сѐ подлабока, а на банките им се заканува пропаст, руската валута губи на вредност секојдневно, а граѓаните се сѐ посиромашни, но сеуште се на страната на својот претседател.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top