Доаѓа најголемата закана за сите мобилни оператори

Првични информации дека апликацијата е спремна

 |  инфодеск  | 

WhatsApp е сервис со преку 500 милиони активни корисници кои меѓусебно разменуваат дури 64 милијарди пораки дневно!

Од една страна корисниците добиваат евтина платформа за комуникација, а од друга тие  го зададоа првиот удар  врз мобилните оператори на кои заработката од смс секоја година сѐ повеќе им опаѓа. Но, за да биде работата уште подобра за корисниците, или уште полоша за операторите, WhatsApp припрема можност за вршење повици преку 3G, 4G и WiFi мрежите, што додатно ќе ги намали приходите на операторите.

Познато е дека WhatsApp вети можност за бесплатни разговори  во рамките на апликацијата, но дури сега испливаа првите информации кои покажуваат дека оваа апликација е спремна и дека можеме да ја очекуваме многу брзо.

Компанијата која е под капата на Facebook, секако дека има големо влијание врз мобилната индустрија и мобилните оператори кои секоја година имаат сѐ повеќе предизвици, кои ќе мораат да се фокусираат на преносот на податоци а не на заработката од повици и праќање смс-и. Исто така, WhatsApp не е единствена апликација која ги нуди овие можности, тука се и Viber, Skype, Face Time на Apple и други, а со други зборови конкуренцијата се зголемува.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top