Иницијатива “Плати ако можеш”

Со 20 тони “несакана” храна во 10 месеци нахранил 10 илјади гладни

 |  инфодеск  | 

Британецот Adam Smith од Лидс, кој е зачетник на иницијативата, а која е прифатена во целиот свет, со која “несаканата” храна од супермаркетите и дуќаните  ја употребува за потребите на сиромашните, може да биде задоволен од досегашниот развој на својата племенита акција.

Како што пишува Independent, 29-годишниот кувар за гостите на својот локал прави варива, супи и колачи, а како намирници ги користи производите кои дуќаните и супермаркетите би ги исфрлиле иако се сеуште употребливи.

Што се однесува до плаќањето, гостите на овој специјален ресторан можат  да платат кога сакаат, ако сакаат и колку сакаат, а како против услуга ако немаат пари можат да ги измијат чиниите садовите и слично.

Во 10 месеци Smith со 20 тони “несакана” храна нахранил дури 10.000 луѓе, а собрал преку 30.000 фунти кој би требало да ги вложи во откуп на зградата во која се наоѓа ресторанот.

Иницијативата на Smith е прифатена во целиот свет, па така до ден денешен отворени се 47 слични ресторани, а главната цел е луѓето да се грижат едни за други.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top