Видео: Huawei претстави нов смартфон со две задни камери

Конкурентен на своите ривали со Duo Camera технологијата

 |  инфодеск  | 

Кинеската компанија Huawei го претстави Honor 6 Plus, смартфон кој на задната страна има две камери од 8 мегапиксели.

Honor 6 Plus има две камери на задната страна кои снимаат фотографии со големина на пиксел од 1.98 микрометри и со тоа стана ривал на HTC One8 и неговата Duo Camera технологија.

Моделот Honor 6 Plus има 5,5 инчен екран со резолуција од 1080p, а го има Kirin 925 процесорот кој е осумјадрен со копроцесор и 3GB RAM. Интерната меморија изнесува 32 GB, а има и micro SD слот. Уредот го напојува батерија од 3.600mAh, а поддржува и Cat6 LTE мрежа.

Откако ќе се снимат, фотографиите е можно мануелно да се рефокусираат, што е случај и кај врвниот модел на HTC One8.

Цената на овој смартфон со меморија од 32GB и поддршка за 4G мрежа ќе изнесува 316 евра, додека помалата верзија од 16GB меморија ќе изнесува 253 евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top